По повод Светскиот ден на штедењето, денеска на часот по Финансиска писменост учениците од шесто одделение имаа можност да се запознаат повеќе со начините на заштеда во Централна кооперативна банка.
Во посета на часот беа претставници од банката кои им ги презентираа можните начини на заштеда.
Исто така ги запознаа и со други услуги и задачи кои тие ги вршат во нивната банка.


