Одбележување на светскиот ден со лица со Down Syndrom

0
Соопштенија

Во насока на подигнување на свеста, почнувајки од децата, преку низа активности го одбележавме Светскиот ден на лицата со Down Sy.

Down Sy. Не претставува болест, туку состојба, еден хромозом повеќе, трисомија на 21 хромозом,овие лица наместо 46 имаат 47 хромозоми, и затоа не случајно 21 март е избран за ден на овие лица, и се одбележува почнувајки од 2006 год.

Пред се карактеристични по својот физички изглед, но зависно од своите интелектуални способности, можат да бидат успешно вклучени во опшеството. Инклузија почнувајки од градинка па понатаму во сите сфери на живеењето.

Зборувајќи на оваа тема има уште многу да се работи, со цел еднаквост на овие прекрасни лица.

Најмалите од второ пет одделение, со одделенскиот наставник Наташа Талеска, преку симболот шарени чорапи, успеаа да сватат колку различностите се поклопуваат и дополнуваат.

 Сино – жолтите ленти исто така, ни го претставија мирот, спокојот и топлината, светлоста и надежта кои треба да ги имаме и да ги споделиме со овие лица.

Различни сме на изглед но исти по душа!

                                                                                             Билјана Аслимоска