
Некој бавно оди, некојубаво пишува, некој лесно учи, некој тешко дише, малку топло срце,и желба полна глава, да живееме заедно, ама со разликите ! ! !
По повод светскиот ден на лица со аутизам, 2 ри април, и оваа година Узуновци успешно ја остварија задачата!
Петте седми одделенија,во секое посебно, трпеливо и со интерес ,слушаа предавање на оваа тема, каде што беше образложена состојбата, причинителите, карактеристики на однесување и третман кај лица со аутизам. Исто така нивната законска и права во опшеството.
Колку можат да бидат успешни овие лица, темелни, посветени , верни и искрени, перфекционисти, со големо срце и душа, низ низа примери од светот успеавме да пренесеме.
Се разбира го споменавме и нашето соучениче од второ одделение, кое ја има оваа дијагноза, неговиот тек на ден, образованието и социјалниот живот.
Извлековме цел и научивме како да се однесуваме кон нив и како да поддржиме и помогнеме и сето тоа ќе го пренесуваме на тие кои не го знаат. Затоа што сме мали но со големи вредности!
Со група ученици од истата генерација, по тројца од секоја паралелка, во тек на целата седмица имавме работилница и дополнително запознавање со предизвиците кои оваа состојба ги носи.
Вредно и исполнително направивме пораки во киндер јајца,рачно изработени срца со одбележјата на аутизмот , белегзии сплетени и нанижани од детските раце, сини балони…
Се облековме во сина боја, се поделивме во три групи и пробавме да ја подигнеме свеста за оваа состојба на случајни минувачи на градскиот плоштад, а со цртежи ги украсивме училишните паноа.
Побогати со знаење и испратени пораки, ги надминуваме бариерите заедно!
Специјален рехабилитатор и рехабилитатор – Билјана Аслимоска

























