Наставниците и учениците од ООУ „Христо Узунов“ ви посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници!

0
За родители, Новости, Соопштенија

Учениците од ООУ,,Христо Узунов” учествуваа во акцијата “Насмевни се! Твојата насмевка раѓа нови насмевки!” организирана од ,,Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид”. Собрани се креативните изработки на учениците од нашето училиште ООУ “Христо Узунов, ООУ “Григор Прличев”, ООУ “Ванчо Николески”, ООУ “Св. Климент Охридски” и ОСУ “Св. Климент Охридски” – гимназија. Многу поклони, честитки, пакетчиња, украси и декорации, чоколади, а најмногу од сѐ пораки полни со љубов и топлина за новогодишните и божиќните празници. Ова се учениците од Охрид! Напишаа на својата официјална ФБ страна ,,Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид”.

На официјалната ФБ страницата на ООУ,,Христо Узунов” – Охрид, наставниците и учениците ги честитаа новогодишните и божиќните празници со дел од честитките кои беа испратени за акцијата “Насмевни се! Твојата насмевка раѓа нови насмевки!”. Подолу може да ги видите дел од честитките кои се поставени на официјалната Фб страна на нашето училиште.

Извор: Официјалната ФБ страница на ООУ,,Христо Узунов” и официјалната ФБ страница на ,,Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид”