Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, беше дел од доделувањето на наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници во организација на Народна техника на Република Северна Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници.
Секоја додатна мотивација за младите таленти во земјава е секогаш добредојдена. Ја имав таа чест да сум дел од доделувањето на наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници во организација на Народна техника на Република Северна Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници.
На добитниците имам да им порачам едно, а тоа е дека со својата посветеност, постигнувања и талент се на вистински пат кон подобра иднина, напиша градоначалникот Константин Георгиески на својот официјален ФБ-профил.