СТРАВ ОД УЧИЛИШТЕ

Често се случува детето да ги замоли родителите да не оди на училиште затоа што не е доволно подготвено за тест ,или пак да се пожали дека не се чуствува добро.Родителите во најголем број случаи му дозволуваат да остане дома.Изостаноците се редат,а родителите ги оправдуваат.Но,доколку ваквото однесување е многу често,тогаш сигурно нешто не е во ред.

 Се работи за училишна фобија.Тоа е отпор на детето кон одење на училиште поради интензивен страв.Детето навидум сака да оди на училиште,но пројавува низа телесни манифестации,најчесто главоболка или болка во стомакот,кои проблеми родителите многу често ги сметаат за телесни,а не за психички.Истите тегоби вообичаено исчезнуваат за време на викенд.

 Фобијата не е развоен,туку невролошки страв чија причина лежи во несредени семејни односи,особините и личноста на детето,амбициозноста на родителите,несогласувањето со врсниците,строг или неправеден учител.Најчесто се јавува во прво,второ и во петто одделение,или на почеток на средното образование.Се проценува дека се случува кај 4-5% од децата и младите адолесценти.Доколку  овој проблем не се свати сериозно и соодветно навреме не се реагира,може да трае со месеци,па и години.

Во вакви случаи родителите треба отворено и искрено да разговараат со детето за да се утврди причината за фобијата.Со многу трпение,разбирање,љубов и поддршка на родителите,некои деца ќе успеат да се изборат со фобијата и ќе продолжат да одат во училиште без отпор.Но,ако детето и понатаму се буни,лошо спие,има проблеми со исхраната,избегнува друштво,изгледа загрижено или тажно,мора да се побара стручна помош.

Како да му помогнете на детето:

  • Радувајте се заедно со детето на почетокот на учебната година.Организирајте нешто за првиот училишен ден.
  • Купувајте прибор,облека заедно со вашето дете,овозможете му тоа само да избере,со тоа му давате на знаење дека имате доверба во неговите одлуки
  • Разговарајте со детето за важноста од неговото образование,дознајте ги неговите очекувања во новата учебна година
  • Дајте му до знаење на детето дека ќе му помогнете да постигне успех во учењето
  • Изберете заедно помал предмет или ситница која ќе ја носи постојано во училишната ташна.Со тоа детето ќе ја зголеми самодовербата и чуството на сигурност
  • Покажете разбирање кога пројаува страв од училиште дури и кога тоа не ви изгледа оправдано
  • За стравот на вашето дете разговарајте со училишниот психолог и побарајте помош
  • Развивајте позитивен став спрема училиштето,пред детето никако не зборувајте негативно за училиштето,наставникот или школските активности.