ВЛИЈАНИЕТО НА РОДИТЕЛСКИОТ СТИЛ ВРЗ САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА

Стилот на родителот при комуникација со детето многу влијае на развивањето на самодовербата кај децата.Постојат главно четири стила на родителство:авторитарен,попустлив, незаинтересиран и демократски.

Секој од овие стилови има различно влијание и ефекти врз  детето и развивањето на самодовербатата кај него.

Родители!

Обидетет се да направите самоанализа кој од понудените стилови го применувате најчесто кај своето дете и дознајте зошто вашето дете  така се однесува!

 

Авторитарните родители:

 

Авторитарните родители се многу строги,со

многу барања од децата. Дисциплината ја

постигнуваат со закани и казни.Кон своите деца покажуваат низок степен на толеранција и

толина.Ја почитуваат послушноста,авторите-

тот и традицијата.Комуникацијата е еднона-

сочна, а одлуките што ги донесуваат не ги

објаснуваат.Покажуваат крутост и не даваат

можност за избор и слобода на изразување.

 

Децата на овие родители се:

 

*Послушни,повлечени и исполнителни но несреќни

*Несигурни се и имаат ниско себепочитување

*Лесно се возненируваат и често се агресивни

*Може да појават склоност кон ризично однесување

*Претежно воспоставуваат површни односи со другите

*Потешко се адаптираат во социјалната средина

 

 

.

 

Попустливите родители:

 

Премногу се насочени кон детето и настоју-

ваат се да му удоволат.Не поставуваат јасни правила на однесување на  детето.Малку сеа ангажираат во воспитување и подучување на своите деца.Се обидуваат да ги исполнат сите желби на децата и им дозволуваат да прават

што  сакаат,кога сакаат и како сакаат.Им недостасува родителски авторитет.

 

Децата на овие родители се:

 

*Емоционално подоцна созреваат

*Не се доволно одговорни

*Имаат ниско себепочитување

*Имаат низок праг на толеранција и низок степен на контрола на импулсите и потребите

*Може да пројават склоност кон ризично однесување

*Настојуваат да привлечат внимание при што ги прекршуваат правилата

*Имаат проблем со авторитети и постигаат слаби резултати

*Ги обвинуваат другите за сопствените тешкотии

*Несигурни,разгалени и агресивни ако не го добие она што го сака

 

Незаинтересираните родители:

 

Преокупирани се со себе,насочени кон задоволување на сопстените потреби.Малку комуницираат со децата .Неодговорни се,ги отфрлаат или ги занемаруваат децата.Имаат многу ниски  барања и очекувања од децата. Не споделуваат нежност и топлина и не

се вклучени во животот на децата

 

Децата на овие родители се:

 

*Несамостојни и со  низок степен на самоконтрола

*Несигурни и со ниска самодоверба

*Невешти во социјалните односи

*Огорчени се на своите родители

*Расположението им е променливо

*Нема контрола на сопстеното однесување и се

склони кон деликвентно однесување

*Малку се заинтересирани за училишните обврски

 

 

 

 

Демократските родители:

 

Покажуваат топлина и  грижа за детето.Им поставуваат јасни правила и соодветни барања  кои се соодветни на возраста на детето.Ги разбираат и подржуваат децата и не се наметнуваат.Отворено комуницираат со

децата и ги слушаат нивните мислења.Ги вклучуваат во донесување на одлуки.Ги нодржуваат во независноста но и бараат од

нив придржување до прифатените правила.

водат грижа за чуствата на децата и користат позитивно поткрепување.

 

Децата на овие родителие се:

 

*Одговорни

*Независни

*Имаат висока самодоверба и себепочитување

*Имаат добра самоконтрола

*Среќни се и успешни

*Подготвени за соработка и помагање

*Имаат високи училишни постигања

*Многу добро се адаптираат во социјалната средина

*Сигурни се во себе и спремни да прифатат ризик