Просторни услови

ОУ "Христо Узунов" започна со работа на 07.11.1977 год. Лоцирано е на ул. "Питу Гули" бр.127 во населбата Горна влашка маала. Распространето е на површина од 4165,45м2. Училиштето располага со:
- 3 училници за подготвителна настава;
- 10 училници за одделенска настава;
- 2 простории за дневен престој;
- 11 кабинети за предметна настава;
- 1 современо опремен кабинет по информатика;
- 1 просторија за Совет на родители;
- библиотека со читална и фонд од 19 илјади книги;
- фискултурна сала и игралиште;
- сала за приредби и мала сала за ФЗО за одделенска настава
- просторија за хор и оркестар;
- кујна, трпезарија;

Одлична инфраструктура

Одлична локација

Продолжен престој

Одлична интернет конекција

Зградата на училиштето е проектирана на локација број 153/77 на простор одреден за изградба на основно училиште. Училиштето се наоѓа на аголот помеѓу улиците ,,Питу Гули,, и ,,Марко Нестороски,, со вкупна површина од 11.884 м2. Зградата е приземна плус еден кат и зграда за фискултурна сала,библиотека и продолжен престој. Приодите се обезбедени од две страни преку пешачка патека. Обезбеден е и еден мал паркинг плац за потребите на вработените и училишната кујна. Од источната страна на зградата е уреден простор за спортски активности. Зградата е проектирана и изградена спрема сите постојни педагошки нормативи за објект од таков вид. Просторните услови во училиштето се добри и одговараат на Нормативот и стандардите за училишен простор. Вкупната корисна површина на училиштето е 4.165,45 м2. Просекот по ученик за училнички простор е 2,22 м2, додека просекот по училишен простор е 11,8 м2. Според Нормативот училиштето спаѓа во III степен на развиеност.