Професионална ориентација на учениците

Професионална ориентација на учениците

Во современиот живот,без оглед на возраста,секојдневно се соочуваме со потребата да направиме избор.Нашите одлуки не насочуваат,градат и не развиваат како личности во текот на животот.Најголем предизвик се изборите и одлуките кои со себе носат најголеми промени,како што е изборот на идното занимање.Во периодот на адолесценција учениците се наоѓаат на т.н. животна раскрсница и пред голем број на промени и потреба од правење избор.Изборот на професија е секако една од најважните одлуки која се носи во животот и влијае на понатамошниот квалитет на живот поради што е неопходно да се создадат услови младата личност да биде оспособена да ги донесе најдобрите одлуки. Училиштето им помага на родителите и на учениците при избор на средно образование,согласно со особеностите,способностите и афинитетите на учениците.

Психологот во училиштето е одговорен за спроведување на активностите од областа на професионалното информирање и ориентирање на учениците од осмо и деветто одделение со користење алатки за утврдување на интересите и можностите на учениците.