КОГА РОДИТЕЛОТ ЌЕ ПРЕТЕРА!

Може ли родителската љубов да биде штетна за детето?И обратно,дали во некои ситуации е подобро на детето да не му помагаме?Советите кои следуваат претставуваат охрабрување на добронамерните,посветените и интелигентни родители полни со љубов, кои се чувствуваат немоќни да престанат премногу да им удоволуваат на своите деца,претерано да ги заштитуваат и затрупуваат со активности.На родителите кои се загрижени ако нивното потомство не е совршено.На родителите кои дозволиле самостојноста,одговорноста и отпорноста на нивните деца да не е високо на листата на особини кои настојуваат да ги развијат кај своите деца.Затоа драги родители:

1.Не помислувајте дека тоа какво било вашето дете денес,ќе претставува образец низ целиот негов живот.Децата поминуваат низ фази,а тие фази можат да бидат и сјајни и очајни.

2.Не се обидувајте да го поправите тоа што не е добро кај вашето дете,прифатете ја природата на вашето дете дури и ако тоа е срамежливо,чудно или не е баш перфектно во математиката.

3.Кога нештата ги гледате одблизу,тогаш му ги гледате и маните.Сосема е нормално децата на вашите пријатели да ви се чинат подобри од вашите.

4.Соберете храброст и просто кажете НЕ.Не се обидувајте секогаш да најдете решение кое ќе му се допадне на вашето дете.

5.Охрабрете го вашето дете да престојува повеќе време надвор и да ги користи сите пет сетила во тридемзионалниот надворешен свет.Пратете го во детски камп во природа на подолг период ,ако сте во можност.Уживајте во природа со семејството секогаш кога ќе имате прилика.

6.Немојте да го помешате тоа што детето го сака, со она што на детето му е потребно.Не подлегнувајте на слаткоречивоста и правете разлика помеѓу привилегијата и правата.

7.Запамтете дека вашите деца не се сезонски растенија,ниту пак цвеќе од стакленик.Пуштете ги накратко и да се прехладат,накиснат или огладнат,така ќе го ценат тоа што имаат можност да се на топло во својот дом,да бидат суви и сити.

8.Воздржете се од улогата да бидете градинар,таен полицаец,личен кувар или собарка.Вашите деца се по природа створени да станат способни да ги работат овие работи.

9.Пред да почнете да негодувате,потсетувате,критикувате,советувате,коментирате или претерано да објаснувате,кажете си на себе ЗОШТО ОВА ГО ЗБОРУВАМ? Поминете повеќе време во слушање отколку во зборување.

10.Потсетете се дека разочарувањата се задолжителен дел од припремата за живот.Кога вашето дете нема да добие покана за роденден или улога за некоја претстава,останете мирни.Без вакво искуство,вашето дете нема да се снајде во животот.

11.Бидетет секогаш подготвени, но не и во состојба на паника.Застанете и размислете дали ситуацијата во која се нашло вашето дете е опасна или само непријатна.Дали ситуацијата е хитна или е само предизвик?

12.Научете да го применувате зборот ОБИДИ СЕ или ГРЕШКА.Пуштете го своето дете да прави грешки пред да замине на училиште.Овозможете му толку слобода колку што покажува одговорност,без обзир на тоа што и колку другите деца смеат.

13.Немојте да бидете изненадени или обесхрабрени доколку вашето веќе пораснато дете добие напад на детски бес или излив на емоции.Паметноста не е исто што и зрелост,  чекорите  наназад се природна работа.И на нас возрасните ни се случуваат.

14.Дозволете му на своето дете да прави нешто што вас ве плаши.Мора да го пуштите некои чекори сам да ги презема,без вие да го држите за рака,доколку сакате да стане самостално и самоуверено.

15.Кога вашето дете тинејџер грдо се однесува спрема вас,не го сваќајте тоа лично.Не го осудувајте за неговиот лош карактер,туку почитувајте ги коментарите и мислењата за него од наставниците,пријателите,комшиите,како се однесува во продавница,ресторан и сл.

16.Немојте да му дозволите на своето дете така лесно да се откаже од некои активности или да избегне нешто што не го сака.Негово право е да не сака некого или нешто.Тоа мислење не можете да му го промените.Но без разлика на се,негова обврска е да продолжи со тоа што го започнал и да ја исполни својата задача.Но,имајте го на ум секогаш и ставот на своето дете кога нешто планирате.

17.Не се трудете да бидете супер спрема своите деца,само заради тоа што вашите родители не го правеле тоа.Кога тогаш и вас ќе ве совлада излив на бес.

18.Избегнувајте да се фалите со своето дете,освен ако не му е потребно малку рекламирање.Имајте на ум дека оценките на вашето дете и неговата популарност, не се мерка за вашата вредност како родител.

19.Почекајте барем 24 часа пред да испратите порака на наставникот,тренерот или на родителот на некое проблематично дете , дека сте лути и навредени.Преспијте го проблемот.

20.Не заборавајте дека успехот зависи од квалитетот на ученикот,никако од образовната установа.

21.Однесувајте се спрема наставниците како спрема стручни лица кои се на ваша страна.Пружете му на вашето дете шанса да се научи на почитување,тоа е една важна лекција во животот.

22.Наместо да му аплаудирате на детето за неговите постигнувања,фалете му ја неговата упорност и вредност бидејки со тоа ги поттикнувате кај него вештините кои водат до успехот.

23.Практикувајте разумен надзор над онлајн активностите на вашето дете за да не заплови во недозволени води.

24.Сметајте дека  обврските кои детето ги прави по дома за својот џепарац, се добра прилика за животно учење.Тоа ќе се чуствува корисно и зрело за идниот живот.