Нашата наставничка по англиски јазик Марија Мостро во разговор со ЕДУИНО заедницата, пренесе прекрасни пораки, ги сподели своите спомени од училишните денови, како и она што ја мотивирало да биде тоа што е денес – амбициозна и успешна наставничка која ги мотивира своите ученици. Исто така ги сподели своите искуства во наставата и предизвиците кои ги носи истата.

„Моето гледање на наставата е дека ние треба да ги научиме децата како да ги користат информациите.“ – Марија Мостро
Нејзините зборови ќе ве поттикнат да размислите како вие со вашето творење можете да им бидете мотивација, модел и инспирација на вашите ученици во изборот на нивната професија и како, всушност, влијаете врз градењето на нивната личност. Целосниот разговор со нашата наставничка Марија Мостро може да го прочитате на следниот линк: http://www.eduino.gov.mk/novosti/edu-talks-so-marija-mostro/
