Општинска училишна лига во фудбал! 🥇

0
Соопштенија
⚽ ЗЛАТНИ ДЕЦА – ЗЛАТНА ГЕНЕРАЦИЈА! ⚽🏆
За првпат во историјата на нашето училиште, учениците од IV и V одделение го освоија ПРВОТО МЕСТО во Општинската училишна лига во фудбал! 🥇
Ова не е само златен медал, туку резултат на трудот, дисциплината, тимскиот дух и големата желба за успех. Горди сме на секој ученик кој го носеше училишниот дрес и достоинствено го претставуваше нашето училиште.
Голема благодарност до професорите Јордан Зиврев и Филип Силјановски, кои со својата посветеност, знаење и љубов кон спортот ја водеа оваа генерација до историски успех.
Традиционално, шампионите беа примени од директорката Марина Ѓоргоска, која им приреди топол и достоинствен пречек. Како траен спомен на овој голем успех, учениците ги задржаа своите дресови – симбол на генерацијата која испиша нова златна страница во спортската историја на училиштето.
Честитки шампиони! Вашиот успех ќе остане запаметен, а вашиот пример ќе биде инспирација за сите идни генерации.
🏆🥇⚽ Златни деца, златна генерација, златен медал! ⚽🥇🏆