Учениците од трето одделение реализираа еднодневна едукативна екскурзија исполнета со дружење, нови знаења и убави доживувања.
Во рамки на екскурзијата тие го посетија археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола, каде се запознаа со богатото културно и историско наследство, разгледувајќи ги познатите мозаици и остатоците од античкиот град. Прошетаа низ битолскиот Широк Сокак и ја видоа Саат кулата.
Екскурзијата продолжи во Прилеп каде ја посетија Могилата на непобедените, ким оддадоа почит на борците кои се жртвувале за слободата на татковината.
Го посетија и плоштадот во Прилеп со спомениците на Крали Марко, Итар Пејо и Пеце Атанасовски. Уживаа во прошетката низ прилепската чаршија.
Преку ваквите активности учениците ги збогатуваат своите знаења, развиваат љубов кон историјата и создаваат незаборавни спомени.
Во прилог ви ги доставуваме следниве фотографии:
