🌱 Еко час во нашето училиште
На 8 мај, во рамки на државната иницијатива на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во нашето училиште се одржа Еко час на тема: „Настанување на смог и неговото влијание врз животната средина и врз луѓето“.
Еко часот беше реализиран со голема посветеност од страна на наставничката по биологија Мимоза Костоска, која заедно со учениците спроведе практични активности и дискусии.
Учениците научија:
- како се создава смогот,
- кои се неговите последици врз воздухот и здравјето,
- и кои мерки можеме да ги преземеме за да го намалиме неговото штетно дејство.
📘 Активностите беа спроведени според прирачниците кои содржат над 130 предлози со насоки и видео упатства.
Со оваа иницијатива ја поврзавме наставата со практичната работа на терен, поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во грижата за животната средина преку чистење, пошумување и зачувување на природата.
🙌 Благодарност до сите ученици и наставници, за нивната посветеност и придонес во подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина.
Во прилог ги доставуваме следниве фотографии:
