Професионална ориентација и информирање
Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија, оддел за развој, иновации и знаење и Регионалниот центар ДУТУ ванчо Питошески од Охрид, на ден 11. 03. 2026 година беше организираа настан од областа на професионалната ориентација за учениците од деветто одделение, од нашето училиште исто така и од училиштата Живко Чинго од с.Велгошти и Кочо Рацин од Охрид.
Целта на средбата беше да се запознаат учениицте со можностите што ги нуди училиштето за упис во средно образование, смеровите кои ги нуди, можностите за работа додека учат како и можностите за продолжување на образованието после средното образование.
На настанот Регионалниот центар беше претставен од директорот на училиштето , со сите можности кои ги нуди училиштето како и од представник на Стопанска комора на РСМ и Директорот на Силекс хотел како поранешен ученик на ова училиште и успешен човек од областа на угостителството и туризмот.
На учениците им беа представни кабинетите по послужување, слаткарство и готварство со приготвување на пијалоци и храна кои учениците можеа да ги направат сами исто и да ги вкусат, исто така имаше и рекламни материјали од областа на туризмот и угостителството во Охрид.
На крај учениците и присутните имаа можност да вкусат убава храна подготвена од учениците од училиштето.
Настанот беше успешно приготвен и како можност учениците да добијат многу поблиска слика за училиштето доколку одлучат своето образование да го продолжат токму тука.
Имајќи предвид дека Охрид е туристички град кој има свој потенцијал за развој ова беше добра можност за учениците од девеето одделение.
Педагог Дијана Јулоска
