
На 03.05.2025 г. на ПМФ-Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа државниот натпревар по математика каде нашите ученици пак покажаа дека се одлични математичари и се вратија со награди.
VII одделение
Катерина Балеска III награда,
Стефан Трајчески III награда,
Мартин Серафимоски пофалница,
ментор Ирена Бачева
VIII одделение
Дамјан Шенгулоски III награда и пласман на ЈММО- Јуниорска македонска математичка олимпијада која ќе се одржи на 18.05.2025г. на ПМФ
ментор Слаѓана Митреска
Честитки за нашите ученици и нивните ментори, а на Дамјан Шенгулоски му посакуваме успех на олимпијадата и пласман во тимот на Македонија кој ќе не претставува на ЈБМО-Јуниорската Балканска математичка олимпијада.
Браво деца! Вие сте гордост на нашето училиште!