Учениците од нашето училиште со одлични резултати на општинскиот натпревар по математика.
На 31 јануари 2025 година се одржа општинскиот натпревар по математика, на кој учениците од нашето училиште ја покажаа својата исклучителна математичка дарба и знаење.
Со гордост објавуваме дека нашите ученици освоија голем број награди, докажувајќи дека посветеноста и трудот водат до успех.
Горди сме на нашите ученици и ментори за нивната посветеност и труд. Им посакуваме уште поголем успех на претстојниот регионален натпревар!
🎉 Браво, математичари! 🎉
