ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
за постигнатите резултати на учениците во учебната 2023/2024 год.
Вовед
Учебната 2023/2024 година започна на 01. 09. 2023 година, а заврши на 17. 06. 2024 година. Воспитно-образовниот процес го следеа вкупно 1027 учениици во 45 паралелки од прводо деветто одделение.
Просечниот број на ученици изнесува 23 што е во законските норми предвидени за основно образование.
НАСТАВА
ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА
Наставно- воспитниот просек на крајот на наставната година од прво до петто одделение го следеа 576 ученици поделени во 25 паралелки.
Од прво од трето одделение учениците се оценети описно .
Во четврто и петто одделение има вкупно 213 ученици.
Во четврто одделение има вкупно 99 ученици од кои одлични се 70,многу добри се 22,добри 7 .
Средниот успех во четврто одделение изнесува 4.59 што е понизок за 0. 11 во споредба со минатата година.Највисок успех има по предметот ФЗО со 5.00, СИП 1 5.00, СИП 2 4.89 ,а најнизок по предметот историја и општество 4.25.
Во петто одделение има вкупно 114 ученици од кои одлични се 80 ,многу добри се 28,добри 6.
Средниот успех во петто одделение изнесува 4,58 и е ист како и минатата учебна
.Највисок успех има по предметот ФЗО СИП 1 и СИП2 .
Најнизок успех има по предметот Природни науки 4.11.
На ниво на четврто и петто одделение просечниот успех изнесува 4.58 и е понизок за 0.06 во однос на МУГ.
ПРЕДМЕТНА НАСТАВА
Во предметна настава има вкупно 451 ученици кои се оценети бројчано.
Во шесто одделение има вкупно 109 ученици од кои одлични се 59 ,многу добри се 24,добри 23,доволни 3.
Средниот успех во шесто одделение изнесува 4,34 што е повисок за 0,01 во споредба со минатата година.Највисок успех има по предметот ФЗО 4.84 и СИП 1 и СИП 2 5.00. Најнизок по предметот математика 3.87.
Во седмо одделение има вкупно 98 ученици од кои одлични се 54 ,многу добри се 30 , добри 14.
Средниот успех во седмо одделение изнесува 4,36 што е понизок за 0.03 во споредба со минатата година.
Највисок успех има по предметите, ФЗО 5.00, Изборен спорт 5.00 и Проекти од музичка уметност 4.87, додека најнизок по математика 3.72
Во осмо одделение има вкупно 117 ученици од кои одлични се 63, ,многу добри се 31, добри 23.
Средниот успех во осмо одделение изнесува 4.35 што е повисок за 0.02 во споредба со минатата година.
Највисок успех има по предметот Нашата татковина 4,94 и проекти од информатика 4.92 а најнизок по математика 3.68.
Во деветто одделение има вкупно 127 ученици од кои одлични се 76 ,многу добри се 39 ,добри 12.
Средниот успех во деветто одделение изнесува 4,45 што е понизок за 0.05 во минатата година.Највисок успех има по ликовно 5.00 и иновации 5.00, додека најнизок по математика 3.57.
Просечниот успех на ниво на училиште изнесува 4.43 и е понизок за 0.04 во однос на минатата година .
Поведение:
На ниво на училиште има 1027 ученици од нив 1027 се со примерно поведение
Педагошки мерки:
Изречени се вкупно 34 педагошки мерки од кои
– Писмена опомена 9
– Усна опомена 24
– Укор 1
Советување на ученици и родители:
Советување на родители поради намален успех во учењето ( 3 и повеќе негативни оценки, 18 родители, за нередовно посетување настава – 4 родители)
Забелешка: сите родители се појавиле на советување.
Број на ученици кои се повикани на советување поради намален успех во учењето со 3 и повеќе негативни оценки- 18 ученици, за нередовно посетување настава- 4 ученици и за несоодветно однесување во училиштето – 17 ученици.
Редовност:
На ниво на училиште направени е 29591 изостаноци од кои 29010 оправдани и 581 неоправдани изостаноци.
Просечно секој ученик направил 29 изостаноци, од кои по 0.56 неоправдан изостанок за секој.
Бројот на изостаноци е помал во споредба со минатата учебна година за 1778 изостаноци, но сепак има многу изостанувања на учениците
Исто така е намален бројот на неоправдани изостаноци скоро за половина.
Најмногу изостаноци има во второ одделение 4898 а најмалку во осмо одд. 2340.
Најмногу неоправдани изостаноци има во осмо одделение 491 а најмалку во прво, четврто и петто одделение.
Во прилог се дадени статистички прегледи по одделенија и предмети.
Јули 2024
Охрид
Директор
Марина Ѓоргоска
Извештај резултати 2023-2024