ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник.
Одбележан денот од смртта на Христо Узунов – Патрон на нашето училиште , вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов.
Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот.
Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште.
Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици.
Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.








Исто така за прв пат оваа година за патрониот празник се одржаа и фудбалски натпревари помеѓу наставници и ученици .
Во овој прилог се дадени фотографии од фудбалските натпревари




