Ретки Болести

0
Соопштенија

ООУ Христо Узунов

– Охрид 12-16 Февруари,2024, сите вторачиња и нивните учителки во соработка со специјален едукатор и рехабилитатор

РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК!

Во знак на прифаќање, разбирање, понудена помош и најмалите се приклучија, го одбележаа и дадоа поддршка, на лицата со ретки болести.

Што значи да си редок, со што се соочуваат тие деца, дали учестуваат во училишните клупи и дали ги играат нашите игри,какво е нивното секојдневие… … …

и низа други прашања, се подрудивме да ги одговориме и да покажеме, и покрај предизвиците кои животот им ги дал, колкава е големината, силата, храброста на овие лица.

Ретки, единствени, силни! Приказната со Реткото момче и зборлестото балонче, како и Ретка песна Veseli Bisercinja & Duo Black Moon – Retka Pesna – YouTube ни помогнаа да пренесеме и разбереме низ пример, што значи да си редок!

Ученици, наставници, родители… да продолжиме да даваме поддршка, и денес и овој месец и секогаш,затоа што за сите има место на овој свет! РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК А НИЕ ВЕ САКАМЕ!