Едукативна посета во Стар Град

0
Соопштенија

✅️На 29.09.2023 година, Регионален зелен центар Охрид во соработка со ОУ “Христо Узунов” Охрид ја реализира втората едукативна посета во Стар Град во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.

ℹ️ Учениците имаа можност да видат, да слушнат и да научат нешто повеќе за црквата „Света Богородица“ Перивлепта, Галеријата на икони, Античкиот театар, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник и на крај Куќата на Робевци.

Огромна благодарност до Викторија Митеска за посветеноста, позитивната енергија и вложениот труд за учениците да ја завршат оваа посета со стекнати нови знаења и убави впечатоци.

?Проектот се спроведува во рамки на Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK.

Проектот е кофинансиран од Општина Охрид.

#ReLOaD #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans