Овој месец и Узуновци се приклучија во оддбележувањето на ретките болести.
Ретките се силни, ретките се храбри, ретките се важни!
Со низа активности, во соработка со инклузивниот дефектолог, се потрудивме да допреме до малите умни глави, да доближиме и објаснеме што значи да си редок.
Да напраавиме разлика помеѓу ретките болести и посебните потреби, да разбереме зошто ретките болести се поразлични од честите настинки, зошто ги боиме рацете и што покажуваме со тоа, исти сме но сепак сме различни, како да помогнеме и како да ги поддржиме овие деца, кои и статистички гледано, во светски рамки, од 400 милиони лица кои се со некоја ретка болест, 75% се деца.
Во шесто одделение, кај одделенските раководители Елена Ническа и Душко Крстески, преку кратка преезентација се запознавме со влијанието врз поединците, трансформацијата на нивните животи во целина како и третманот и фокусот на истражувачката работа во моментот.
Во трето одделение, кај наставничките, Соња Јовева, Билјана Угриноска, Тања Мариноска, Славица Настоска и Цвета Лечоска, како и во прво одделение кај наставничките Наташа Тренеска и Жаклина Здравеска, изведовме куклена претстава за Реткото момче и зборливото балонче, од авторката Наташа Ангелеска. Со помош на куклите, Иван, Стефан и Мими, учениците разбраа што навистина значи да си редок.
Како завршни активности, ги бојувавме рацете, цртавме шарени рачиња на хамер, обоивме зебра со шарен врат, сечевме разнобојни рачиња од колаж…
Да ги сакаме, прифаќаме и разбираме Ретките, ти е се дел од сите нас!
Стручен соработник, специјален едукатор и рехабилитатор
Билјана Аслимоска
















