На 28. Декември во училиштниот хол се одржа скромен новогодишен настан.
Во трите точки учествуваа ученици од седмо одделение, под менторство на наставничките: Јулија Ристевска, Бојана Цветаноска Петреска и Христина Стојаноска.
Сите коишто учествуваа во настанот им се заблагодаруваат на присутните гости за вниманието и времето што го издвоија и се надеваат дека во иднина ќе се организираат уште позначајни и поуспешни настани.






,,Зад себе оставаме една успешна година полна со многу нови знаења, држби и авантури, а со нетрпение и ширум отворени врати ја очекуваме следната и сето она што ќе го донесе. Пред сѐ, се надеваме дека за сите ќе донесе здравје и среќа, љубов во изобилие, многу успеси и остварени желби. Среќна Нова година!”