Преку едукација на младите до борба против насилство врз жените и девојчињата.
Денес во просториите на Младински Културен Центар се реазлизраше работилница на тема “Стоп за насилство врз жените и девојчињата” на која учествуваа ученици од деветто одделение од нашето училиште со ученици од ООУ” Кочо Рацин”,предводени од наставничката по граѓанско образование Јованка Анѓелкоска и наставничката по германски јазик Бојана Цветаноска Петреска.
Спојувајќи ги граѓанското образование и германски јазик, учениците имаа можност низ интересни активности да се приклучат кон капањата 16 дена активизам за борба против насилство врз жените и девојчињата.
Учениците споделија нивни мислење, развиваа критички ставови, дискутираа.
На крај на креативен начин испратија моќни пораки за борба против насилството врз жените и девојчињата.














