✅?По повод 2-ри Април, Светски ден за свесноста за аутизмот, кој се одбележува секоја година на 2
април почнувајки од 2008г, ден посветен на информирање и активизам, подигнување на
свеста за аутизам кај сите слоеви во опшеството, и во нашето училиште одржавме низа
активности преку кои придонесовме во формирањето на здрава личност со позитивни ставови
и гледишта.??♀️??
✅?Во осмо два и осмо четири одделение, се запознавме подетално со терминологијата,
причинителите и однесувањето на лицата со аутизам, како и, преку текстот Јас и моите
соученици, генијалци, се ставивме во туѓи чевли и за момент сочувствувавме со нашите
поразлични другари.?
?Облековме сино и ја составивме големата сложувалка, Различни но исти.???????
?Во прво пет одделение, каде имаме другарче со аутизам?, одржавме работилница на оваа
тема, преку играчките изразивме љубов и почитување, боевме, сечевме и составивме љубов❤️?????,
прочитавме и поразговаравме за љубовта, почитувањето и другарувањето?❤️?????. Со сините балони
покажавме колку на сите ни е потребна играта и смеата.???
?АУТИЗАМ, ако сакаш да ме запознаеш, земи ме за рака, побарај од мене, тоа што можам да
направам, ке доаѓам покрај тебе, заедно ке растеме, ако сакаш да ме разбереш, можеме да
сме пријатели.??
✅Инклузивен дефектолог
М-р Билјана Аслимоска























