Работа со податоци и решавање проблеми ?????????
На часот по математика во месец декември во рамките на темата Работа со податоци и решавање проблеми учениците од IX одделение под менторство на наставничката Слаѓана Митреска работеа на проекти во кој требаше да вклучат се што е изучувано во темата. Во мали групи од 5-6 ученици одбираа истражување на кое ќе работат и поставуваа хипотеза соодветна на прашањето за истражување. Одбираа популација и носеа одлука дали ќе работат со цела популација или со примерок. Составуваа инструменти за собирање на податоците, прибираа примарни или секундарни податоци преку прашалници, интервјуа, набљудување, анкети или експерименти. Во зависност од тоа дали нивните податоци се дискретни или континуирани правеа табели на фреквенција. За да ги прикажат прибраните податоци оние што споредуваа две множества податоци користеа стебло-лист дијаграм, а останатите секторски, столбест или линиски дијаграм. На крај ги правеа статистичките пресметувања и се подготвија за начинот на презентација на проектите пред учениците од паралелката. Дел од нив ги презентираа заклучоците на хамер, а дел ги изработија во PowerPoint и Excel. Имаше интересни истражувања како: во кое средно училиште ќе се запишат, колкава е просечната висина на деветтооделенците, кој им е омилен суперхерој на учениците од III и V одд., фреквенција на возила во одреден период од денот, обем на стеблото од дрвата во училишниот двор, омилен спорт, најзастапена боја на автомобилите, колку часа учениците поминуваат на социјалните мрежи во текот на денот, просечен успех на учениците, кој жанр на книги е омилен кај група испитаници и слично. ?????????






















