Конкурс за најдобра литературна творба, ликовна творба или видео запис за деветтoодделенците на тема: ,,Мојата идна професија”??

0
За ученици, Соопштенија

СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКО НЕСТОР“ – СТРУГА ОБЈАВУВА

К О Н К У Р С

ЗА НАДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА, ЛИКОВНА ТВОРБА ИЛИ ВИДЕО ЗАПИС ЗА ДЕВЕТТOОДДЕЛЕНЦИТЕ

ОД СИТЕ ОСНОВИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА СТРУГА, ВЕВЧАНИ И ОПШТИНА ОХРИД

НА

ТЕМА:

„МОЈАТА ИДНА ПРОФЕСИЈА“

Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од деветто одделение  од основните училишта на подрачјето на Општина Струга, Вевчани и Охрид.

Творбите, (литературните творби треба да бидат напишани во ворд документ) во три примероци, во затворен плик, со име и презиме на ученикот и училиште во кое учи, контакт адреса и телефон, најдоцна до 31.05.2021 година, треба да се достават

на следната адреса:

Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга, ул. Пролетерски бригади“ бр. 49 Струга (со назнака: За Конкурсот за тема „Мојата идна професија“) или на маил на училиштето: [email protected].

Изборот на најдобрите творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од СОУ „Нико Нестор“ – Струга.

За најдобрите три рангирани ученици следува награда:

  1. За освоено прво место- ТАБЛЕТ.
  2. За освоено второ место-мобилен телефон
  3. За освоено трето место-слушалки и компјутерско глувче.

РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА 04.06.2021 ГОДИНА НА ВЕБ СТРАНАТА И НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА ОД СОУ „НИКО НЕСТОР“ – СТРУГА, А УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ЛИЧНО КОНТАКТИРАНИ.

СОУ „Нико Нестор“ – Струга