Денес, 24 Април, ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Со сите протоколи кои соодветствуваат на актуелната состојба, беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Воедно директорката Оливија Пирузева Јанева ги додели наградите на Првенецот на генерација – Наталија Танеска и пофалените ученици на генерација – Марија Зороска, Атина Рувинова, Ана Јорданоска и Бојана Цветкоска.
Доделени беа и наградите кои учениците ги добија за творбите доставени за литературно – ликовниот конкурс по повод Патрониот празник, на тема „Со сјај во очите и насмевка под маските, до срцата да допреме“.