Отворен ден за граѓанско образование на тема: „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид

0
За наставници, За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Учениците од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид на ден 30.03 2021 година го одбележаа отворениот ден за граѓанско образование со цел – зајакнување на демократската клима во училиштето, поттикнување на одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена. Активностите беа на тема насилство меѓу младите (врсничко насилство и насилство на интернет). Во видеото кое ви е во прилог ќе имате можност да проследиме многу креативни презентации, стрипови, постери поврзани со разни видови насилство. Одговорни наставници по граѓанско образование: Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска Реализатори и учесници: ученици од VIII и IX одделение како и наставниците Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска, педагогот Дијана Јулоска како и наставничката по информатика Елена Србиноска

Агенда

  1. Краток цртан филм за Сајбер насилство
  2. Презентација за сајбер насилство
  3. Постери
  4. Книгата за Лана
  5. Видео со 10 препораки за спречување на насилство
  6. Краток стрип
  7. Презентација СТОП за насилството
  8. Кратки драмски текстови – ситуации на насилство
  9. Онлајн настава во услови на пандемија
  10. Осврт на спроведената анкета во училиштето за сајбер насилството Насоки и планови за понатамошни активности и планови за спречување на насилството во училиштето.
Отворен ден за граѓанско образование на тема: „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ ООУ „Христо Узунов“ – Охрид
Моќни пораки од учениците со цел да се запре врсничкото насилство и сајбер насилството и да се поттикне борбата против овие видови насилство