Учениците од нашето училиште постигнаа одличен успех на националниот натпревар „Европски квиз на пари 2021“ кој се одржа на 24.3.2021г. Бојана Ангелеска и Звездана Дуцкиновиќ од VIII-4 одд. го освоија второто место, а Филип Крстески и Дамјан Коцаревски од IX-5 одд. третото место под менторство на наставничката Горица Дуцкиновиќ.

На националниот натпревар кој се одржа виртуелно со можност да се следи во живо на каналот на Македонската банкарска асоцијација на ЈуТјуб учествуваа 325 тима од 174 одделенија, односно класови од 72 основни и средни училишта под менторство на 83 наставници и професори.
Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа уште повеќе да вложуваат во финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години. Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, на иницијатива и во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука