Дете кое има здраво самопочитување, во текот на животот тоа ќе му биде помош успешно да се справува со предизвиците кои ги носи ветрот на животот. Полесно ќе ги пребродува пречките и негативните ситуации со кои се среќава. Овие деца полесно се справуваат со негативните емоции,оптимисти се,повеќе се смеат и се радуваат на животот, спремни се и да им помогнат и на другите.
Оние пак со ниско себепочитување, животните предизвици и пречки ги доживуваат како фрустрација и грижа. Овие деца често се чувствуваат несакани, незаинтересирани се , лесно потпаѓаат под влијанија,го потиснуваат својот талент, се повлекуваат во мислите дека не се доволно добри и при соочување со предизвик невната реакција е сегаш не можам.
Децата сликата за себе ја градат и врз основа на тоа како другите луѓе се однесуваат спрема нив.Токму од овие причини родителите имаат клучна улога во формирањето на здрава слика за себе. Ако детето се чуствува сакано во средината во која живее и чуствува дека е способно самото да одговори на предизвиците најверојатно ќе си изгради и здраво самопочитување.
Како да препознаеме дали детето има изградено самодоверба
| Дете со самодоверба | Дете без самодоверба |
| *Прифаќа одговорност*Знае да се контролира*Не е агресивно*Лесно склопува пријателство*Спремно е за соработка*Љубопитно е и сака нови активности*Креативно е*Упорно е, не се откажува лесно*Не е многу приврзано за близок*Поднесува критика и неуспех | *Премногу е срамежливо*Се плаши од нови ситуации*Агресивно е*Тешко поднесува неуспех*Премногу е осетлив на критика*Често вели „Јас не можам„*Премногу е поврзано за некој близок*Постигнува помалку од она што може*Тешко донесува одлуки*Се потценува себеси*Завидливо е и љубоморно на други |
Како да му се помогне на детето да се здобие со самодоверба
Влијанието на родителите е незаменливо и огромно. Не се исклучува тука и однесувањето на наставникот кога детето ќе дојде во училиште. Нивните акции и зборови ќе придонесат најмногу за развој на самодовербата кај детето од било што друго. Треба да се внимава на зборовите. Нивните зборови можат да го изградат, но и да го срушат детето. Особено децата, се многу осетливи на зборовите на своите родители. Никогаш не треба да се употребуваат навредливи и понижувачки изрази од типот лош си , не те бива…
Наместо тоа треба да се практикува:
Запомнете дека градењето самодоверба кај детето бара огромно трпение, но на крај сето тоа ќе биде исплатливо вложување кое ќе го следи целиот живот.
Психолог Благородна Степановска