Стилот на родителот при комуникација со детето многу влијае на развивањето на самодовербата кај децата.Постојат главно четири стила на родителство:авторитарен,попустлив, незаинтересиран и демократски.
Секој од овие стилови има различно влијание и ефекти врз детето и развивањето на самодовербатата кај него.
Родители!
Обидетет се да направите самоанализа кој од понудените стилови го применувате најчесто кај своето дете и дознајте зошто вашето дете така се однесува!
Авторитарните родители:
Авторитарните родители се многу строги,со многу барања од децата. Дисциплината ја постигнуваат со закани и казни.Кон своите деца покажуваат низок степен на толеранција и толина.Ја почитуваат послушноста,авторите- тот и традицијата.Комуникацијата е еднона- сочна, а одлуките што ги донесуваат не ги објаснуваат.Покажуваат крутост и не даваат можност за избор и слобода на изразување. |
Децата на овие родители се:
*Послушни,повлечени и исполнителни но несреќни *Несигурни се и имаат ниско себепочитување *Лесно се возненируваат и често се агресивни *Може да појават склоност кон ризично однесување *Претежно воспоставуваат површни односи со другите *Потешко се адаптираат во социјалната средина
. |
Попустливите родители:
Премногу се насочени кон детето и настоју- ваат се да му удоволат.Не поставуваат јасни правила на однесување на детето.Малку сеа ангажираат во воспитување и подучување на своите деца.Се обидуваат да ги исполнат сите желби на децата и им дозволуваат да прават што сакаат,кога сакаат и како сакаат.Им недостасува родителски авторитет. |
Децата на овие родители се:
*Емоционално подоцна созреваат *Не се доволно одговорни *Имаат ниско себепочитување *Имаат низок праг на толеранција и низок степен на контрола на импулсите и потребите *Може да пројават склоност кон ризично однесување *Настојуваат да привлечат внимание при што ги прекршуваат правилата *Имаат проблем со авторитети и постигаат слаби резултати *Ги обвинуваат другите за сопствените тешкотии *Несигурни,разгалени и агресивни ако не го добие она што го сака |
Незаинтересираните родители:
Преокупирани се со себе,насочени кон задоволување на сопстените потреби.Малку комуницираат со децата .Неодговорни се,ги отфрлаат или ги занемаруваат децата.Имаат многу ниски барања и очекувања од децата. Не споделуваат нежност и топлина и не се вклучени во животот на децата |
Децата на овие родители се:
*Несамостојни и со низок степен на самоконтрола *Несигурни и со ниска самодоверба *Невешти во социјалните односи *Огорчени се на своите родители *Расположението им е променливо *Нема контрола на сопстеното однесување и се склони кон деликвентно однесување *Малку се заинтересирани за училишните обврски
|
Демократските родители:
Покажуваат топлина и грижа за детето.Им поставуваат јасни правила и соодветни барања кои се соодветни на возраста на детето.Ги разбираат и подржуваат децата и не се наметнуваат.Отворено комуницираат со децата и ги слушаат нивните мислења.Ги вклучуваат во донесување на одлуки.Ги нодржуваат во независноста но и бараат од нив придржување до прифатените правила. водат грижа за чуствата на децата и користат позитивно поткрепување. |
Децата на овие родителие се:
*Одговорни *Независни *Имаат висока самодоверба и себепочитување *Имаат добра самоконтрола *Среќни се и успешни *Подготвени за соработка и помагање *Имаат високи училишни постигања *Многу добро се адаптираат во социјалната средина *Сигурни се во себе и спремни да прифатат ризик |