Нашата наставничка по англиски јазик Марија Мостро, покрај посветеноста во училиштето, напорно работеше и искреира 19 видеолекции за ЕДУИНО платформата. Поради својата макотрпна работа заслужено доби признание и е назначена за ЕДУИНО – амбасадор. Таа е дел од вкупно 23 ЕДУИНО – амбасадори на државно ниво кои особено се истакнаа со своите видеолекции. Признанието ЕДУИНО – амбасадор го добиваат најдобрите наставници со значајни достигнувања потврдени од Бирото за развој на образованието, истакна Претседателот на Република Северна Македонија – Стево Пендаровски во своето обраќање, во кое се заблагодари на сите ЕДУИНО – амбасадори. Претседателот Стево Пендаровски исто така истакна дека наша заедничка должност е да вложуваме во создавањето на амбиент во кој најдобрите од секоја генерација ќе сакаат да бидат наставници. Во продолжение прочитајте ги пофалните зборови за нашата наставничка по англиски јазик Марија Мостро на Едуино – колективниот портал за дигитални содржини.
Едуино – колективен портал за дигитални содржини
Запознајте ја Марија Мостро, еден од нашите ЕДУИНО – амбасадори. Марија е наставник по англиски јазик во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид и едукатор за пример. Благодарение на нејзината напорна работа и посветеност, нашата е-училница е побогата за 19 видеолекции изработени од нејзина страна. Дел од нив се видеолекциите за I одделение по предметот Англиски јазик: Претставување себеси и Детски играчки и за II одд – Присвојни придавки.