Утрешниот ден е во знакот на БЛАГОДАРНОСТА 🙏
Денешните наши активности беа посветени токму на 21 Септември – Светски ден на благодарноста!
Учениците научија за суштината на одбележувањето на овој ден и напишаа пораки со кои на три јазици: македонски, англиски и германски , го искажаа своето БЛАГОДАРАМ за она што ним им причинува радост, мир и неизмерна среќа.
Барем на утрешниот ден да се потсетиме дека треба да бидеме благодарни и на најмалата ситница во животот, бидејќи со тоа ја добиваме сопствената благосостојба и даруваме љубов ширум светот❤️







