✅Во нашето училише се завршува уште еден еТвининг проект под наслов Don’t be a bully. Remember to say “Are you OK?”. Овој проект се одвиваше во склад со Еразмус + проектот „Becoming Bully-proof and Bully-less“.
?Активностите на еТвининг проектот ги реализираа 10 ученици од седмо одделение под менторство на наставничката по англиски јазик Татјана Пановска.
✅Целта на проектот беше да се подигне свеста за опасните ефекти од булингот кај учениците но исто така и учениците ги прошируваа своите знаења по англиски јазик (проектот во целост се спроведуваше на англиски) како и вештините: критичко размислување, креативност, соработка, флексибилност. Учениците соработуваа со своите врсници од повеќе држави, разменуваа свои мислења а како краен резултат изработија акросстих со почетните букви од проектот и самостојно креираа, режираа и едитираа анти-булинг видео.?