✅На 19.3.2022 година ООУ “Христо Узунов”- Охрид беше училиште-домаќин на општинскиот натпревар по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ МК,а беше спроведен и успешно реализиран од страна на локалните координатори Елена Ничевски и Елена Пендова.?На натпреварот учевствуваа околу 130 ученика од V- IX одд. основно и од I-III год. средно образование,кои заедно со своите ментори пристигнаа од општините Кичево,Дебарца,Струга и Охрид.
Им упатуваме честитки на I-во, II-ро и III-то рангираните ученици и на нивните ментори и им посакуваме успех и на регионалниот натпревар,кој исто така ќе се одржи во нашето училиште.?
Особена чест и задоволство ни претставува фактот дека сите пријавени ученици од нашето училиште постигнаа одлични резултати и се наградени со што се пласираа на регионалниот натпревар. ???
Ова се нивните постигнувања: