☑️Работилница – Изработка на нагледни средства за ученици со ПОП????

0
За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

☑️Процесот на Инклузија односно вклучување на ученици со посебни
образовни потреби – ПОП во редовната настава, преминува во редовна
практика. Се зголемува потребата за насоки околу индивидуални
образовни програми но и нагледност.
Вклученост на образовни асистенти, за ученици кои имаат проценка од
Меѓународната класификација за функционирање,попреченост и здравје –
МКФ, е од огромна важност , како за ученикот така и за наставникот.
Со цел да се овозможи полесна реализација на наставната прогограма,
да се задржи вниманието и зголеми мотивацијата, како и времето
поминато во училишните клупи со своите соученици , чувствувавме
потреба и одговорност да обезбедиме нагледност која би ни помогнала во
работата. ????
Успешно рганизиравме тридневна работилница, од 17-19 .08.2022 г,
изработивме мал дел нагледност, која некому ќе значи многу.
Ви благодарам за соработката, Мартина Шурбаноска – образвен
асистент, Наташа Талеска – одделенски наставник, Љубица Стефаноска ,
Васка Палоска. ?
Слаѓана, Катерина, Наташа, Ви благодариме за капачињата и
стапчињата. ?
Искрено се надевам дека ова ќе прерасне во практика, да помогнеме
таму кај што е најпотребно, сите за еден – еден за сите. ?❤️

Мр. Стручен соработник, дефектолог
Билјана Аслимоска