„Чекор поблиску до средното образование: посета на гимназијата Св.Климент Охридски во Охрид“

0
Соопштенија
Учениците од деветто одделение од нашето училиште имаа можност да ја посетат гимназијата Св.Климент Охридски во Охрид, на покана од професорите по биологија и филозофија.
Во текот на посетата, учениците се запознаа со наставните содржини, начинот на работа и атмосферата во гимназиското образование. Преку интересни презентации и разговори, тие имаа можност да поставуваат прашања, да дискутираат и да стекнат нови знаења од областа на природните науки и филозофското размислување.
Посетата беше инспиративна и мотивирачка, отворајќи нови перспективи за нивниот понатамошен образовен пат.
Им благодариме на професорите за топлиот прием и можноста учениците одблиску да ја почувствуваат гимназиската средина.