Срце што прифаќа, свет што разбира

0
Соопштенија

Учениците и наставниците од второ одделение, заедно со специјалниот едукатор и рехабилитатор од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид, со љубов и посветеност преку различни активности ја изразуваат својата поддршка за децата со посебни потреби.

Нашата најголема сила е во разбирањето, прифаќањето и создавањето свет во кој секое дете има еднакви можности за раст и развој.

Секој од нас може да направи разлика со емпатија, солидарност и почитување на различностите.

Секое дете заслужува љубов и поддршка!

Биди глас на прифаќањето! 🖐💙