Со креативност до знаење

0
За наставници, За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Учениците од петто – 5 одделение со наставничката по информатика и техничко образование Елена Србиноска, постојано ги совладуват новите лекции преку креативни синхрони и асинхрони активности.?

Во продолжение проследете го видеото со дел од креативните изработки.❤

-„Со учениците од петто – 5 одделение постојано ги совладуваме новите лекции преку креативни активности на часот или асинхрони активности – активности кои им се задаваат на учениците пред или после часот за полесно да ја совладаат содржината. Учениците се посветуваат  целосно на секоја активност и својата креативност ја искористуваат така што своите изработки ги преточуваат во видеа каде што покажуваат како ги направиле своите изработки и како функционираат истите. Ќе издвојам една од бројните активности кои ги имавме годинава со учениците. Неколку од часовите кои беа предвидени за третото тромесечие беа издвоени за наставната содржина “Користење на енергијата на сонцето, водата и ветерот”. Оваа активност се изведе така што учениците истражуваа како фукнционираат ветерните турбини, турбините на вода – хидро турбините и сончевите колектори. Во истражувањата кои беа синхрона активност внесов и асинхрона активност односно преку практична вежба која ќе ја направат дома да се повтори содржината од часот и потоа на самиот час преку моделите да ја објаснат работата на ветерните турбини и хидро турбините. За изведување на асинхроната активност учениците беа поделени во две групи. Учениците кои беа дел од првата група имаа задача да направат модел на ветерна турбина од едноставни материјали, додека учениците во втората група имаа задача да направат модел на турбина на вода – хидро турбина.

Се радувам што учениците, во услови на глобална пандемија секогаш успеваат да ја прикажат својата креативност и посветеност кон училишните активности.” – Елена Србиноска