Социjални права

0
Соопштенија

Социјални права, лица со посебни потреби

 20 февруари Меѓународен ден на социјалните права,

 ООУ Христо Узунов – Охрид

Шестите одделенија, класни раководители во соработка со специјален едукатор и рехабилитатор

Целта на одбележувањето на овој ден е промовирање на солидарноста, еднаквоста и рамноправноста.

Социјалната правда ја унапредуваме кога ги отстрануваме бариерите со кои се соочуваат луѓето поради пол, возраст, раса, етничка припадност, религија, култура или попреченост.

„Основните вредности на слободата, човечкото достоинство, социјалната правда, безбедност и недискриминација се суштински за одржливиот економски и социјален развој и ефикасност“, се вели во Декларацијата.

Лицата со посебни потреби имаат значајно место во секое организирано општество.

Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби е важна не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Во нашата држава, се проценува дека 10% или околу 200,000 жители се лица со инвалидитет.

Реални примери од секојдневието, наши реакции во дадена ситуација, решавање на проблемска ситуација во моментот, како соучениците би придонеле за остварување на одредено право на соученик , каде и дали би реагирале околу инфраструктурни промени како и овозможување на право на мобилност, и многу слични прашања, затоа што…

Среќата е и нивно право а хуманоста е наша обврска.