Почитувани ученици,
Се ближи крајот на учебната 2020/2021 година, па често се поставува дилемата,каде понатаму?
Изборот на идното средно училиште е многу важно,бидејки со него го одредувате правецот кон својата идна професија.Затоа, треба да бидете добро информирани кои образовни профили и струки ви се на располагање, какви наставни програми се изучуваат во средните училишта и каква е проодноста на средните училишта до факултетите.
Исто така многу е важно,секој од вас да си ги познава афинитетите кон одредени образовни подрачја,својот талент и желбата за изучување одредени предмети.Затоа,пред да го изберете вашето средно училиште,потребно е да се запознаете со можностите кои ги нудат средните училишта,струките,образовните профили,како и лошите и добрите страни на одредени струки и профили.Пожелно е, да ги погледнете веб страните на средните училишта во градов или пошироко за подетално да се запознаете со наставните програми и профили кои тие ги нудат.Еве неколку од нашиот град и регионот:
emucohrid.edu.mk
gimnazijaohrid.edu.mk
vancopitoseski.edu.mk
nikonestor.edu.mk
svkirilimetodij.edu.mk
Во продолжение на ова соопштение е конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година.
Ви посакувам успрех во понатамошното школување.
Психолог Благородна Степановска