На регионалниот натпревар по математика-физика одржан во Јахја Кемал во Струга нашите ученици постигнаа одлични резултати под менторство на наставничките по математика Слаѓана Митреска и физика Вера Зороска.
Во конкуренција од 80 ученици Дамјан Шенгулоски освои 3 место по математика, а Димитриј Алоски освои 3 место во групниот пласман за математика и физика.
Меѓу првите 10 по математика покрај Дамјан Шенгулоски и Димитриј Алоски беа и учениците Јаков Велјаноски, Маја Наумоска и Ева Блажеска, а пласман меѓу првите 20 имаа и останатите Андреј Крстески, Изабела Нанеска, Кристијан Петрески, Ана Тодороска, Виктор Србиноски, Александра Петреска и Ана Ническа.
По физика меѓу првите 10 беа Ана Ническа и Динитриј Алоски, а и останатите имаа пласман меѓу најдобрите ученици од регионот.
