Специјални награди за нашите тимови на Првата национална Олимпијада за Вселената На 28ми април 2023 година во просториите на Касарна Хаб, се одржа Првата национална Олимпијада за Вселената.
На олимпијадата нашето училиште ООУ„Христо Узунов“- Охрид, под менторство на наставничката по физика Вера Зороска, зеде учество со два тима. Тимот составен од учениците: Кирил Крстески, Филип Ѓорески и Христијан Милевски, сите 9 одделение, избра да го решава предизвикот: Истражи што се BallonSAT и какви видови на експерименти можат да се постават на нив и направи power point презентација и/или мал прототип.
За своите идеи и излагање освоија специјална награда: OUT OF THIS WORLD ! Вториот тим, составен од осмоодделенките Тамара Чолеска, Елена Попоска и Ана Зороска избра да твори на предизвикот: Патување од Земјата до Марс. Исто и вториот тим беше награден со специјална награда: INTERSTELLAR STEAM GIRLS TEAM! Натпреварот се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, во одлична организација каде учесниците имаа можност да се дружат, да истражуваат и пред комисија да ги презентираат своите идејни решенија во еден од трите понудени предизвици.
На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта од југозападниот регион.









