Денес, по повод 6 април – Меѓународен ден на спортот за развој и мир, во нашето училиште се одржа интересна и едукативна презентација на спортот голф на која присуствуваа ученици од IV и Vодд.
Под водство на професорот и инструктор по голф Јордан Зиврев, учениците имаа можност да се запознаат со основите на овој елегантен и прецизен спорт. Преку практична демонстрација и интерактивен пристап, тие научија за техниките, правилата и придобивките од играњето голф.
Во рамките на настанот беше презентирана и школата за голф, каде учениците се информираа за можностите за вклучување, тренинг процесот и развојот на овој спорт кај најмладите.
Воедно, со оваа активност се приклучивме и кон одбележувањето на Светски ден на голфот – 10 април, дополнително нагласувајќи ја важноста на овој спорт.
Настанот предизвика голем интерес и позитивна енергија кај учениците, кои со љубопитност и ентузијазам активно учествуваа.
Со вакви активности продолжуваме да го поттикнуваме спортскиот дух, здравите навики и љубовта кон физичката активност кај младите.
Посебна благодарност до директорката Марина Ѓоргоска и наставничките од IV и V одделение за нивната поддршка, ангажман и придонес во успешната реализација на настанот.


