Учениците од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид на ден 30.03 2021 година го одбележаа отворениот ден за граѓанско образование со цел – зајакнување на демократската клима во училиштето, поттикнување на одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена. Активностите беа на тема насилство меѓу младите (врсничко насилство и насилство на интернет). Во видеото кое ви е во прилог ќе имате можност да проследиме многу креативни презентации, стрипови, постери поврзани со разни видови насилство. Одговорни наставници по граѓанско образование: Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска Реализатори и учесници: ученици од VIII и IX одделение како и наставниците Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска, педагогот Дијана Јулоска како и наставничката по информатика Елена Србиноска
Агенда
- Краток цртан филм за Сајбер насилство
- Презентација за сајбер насилство
- Постери
- Книгата за Лана
- Видео со 10 препораки за спречување на насилство
- Краток стрип
- Презентација СТОП за насилството
- Кратки драмски текстови – ситуации на насилство
- Онлајн настава во услови на пандемија
- Осврт на спроведената анкета во училиштето за сајбер насилството Насоки и планови за понатамошни активности и планови за спречување на насилството во училиштето.
