Отворен ден за активности

0
Соопштенија

Отворен ден со активности на учениците од ООУ„Христо Узунов“ Охрид

Учениците од ова училиште, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3 – ти Декември, а во соработка со специјалниот едукатор и рехабилитатор,Билјана Аслимоска, подготвивме повеќе активности кои опфаќаат секојдневни ситуации во животот, и на училиште на лицата со посебни потреби.
Со ова сакаме да ја подигнеме свеста за односот на луѓето кон овие лица како и да потенцираме дека процесот на инклузија во образованието во нашето училиште успешно се реализира.
Исто така во соработка со наставничките по граѓанско образование, Соња Здравеска и Јованка Домазетоска, акцент ставивме и на менталното здравје на човекот општо, а посебно на учениците и како врз истото влијание имаат повеќе фактори како што е односот на родителите кон нивните деца, болестите, социјалните медиуми и др.
Не помалку се важни и прашањата поврзани со човековите права односно правата на детето, вклучувајќи го и врсничкото насилство како и расизмот како форма на дискриминација.
Кога ќе го сретнеш глувонемиот на твоето лице нека се појави насмевка… тој тогап ќе сфати дека звуците не му се неопходни на човекот. Кога ќе го сретнеш слепиот ,стегни му ја раката и посакај му добар ден… а тој, светлината на денот ќе ја види на твоите очи и тие два збора ќе одзвонуваат во неговата глава како најубава мелодија, кога ќесретнеш некого во количка, не ј врти главата на другата страна и немој солза да го замати твојот поглед…насмевни се и повози го со неговата колочка…тој ќе почувствува дека трча по топката со твоите нозе… Малкумина се оние кои можат да даруваат пари, ако не си меѓу нив,

Дарувај љубов!