Општински турнир

0
Соопштенија

Денеска по повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров , ОУ Живко Чинго заедно во соработка со ”Сојуз за училишен спорт – Охрид” , организираа спортски ден за учениците од основните училишта од општина Охрид.

На овај настан учество зеде и нашето училиште во сите спортови , каде забележавме одлични резултати во фудбал , кошарка и пинг-понг : Во натпреварите од пинг-понг Мила Цепенкоска го освои одличното трето место во многу силна конкуренција .

Машката кошаркарска екипа играше во големото финале каде беа минимално поразени и го освоија второто место.

Додека нашите фудбалерчиња без конкуренција го освоија првото место победувајќи во финалето со 3:0  против ОУ Григор Прличев.