Пулсираме во духот на германскиот јазик 🖤❤️💛
Нашите ученици заедно со наставничките по германски јазик Бојана Цветаноска и Ивана Маховска Шикалеска го одбележаа 14 септември – Денот на германскиот јазик 🇩🇪
Учењето на странски јазик не значи само учење на структурата на јазикот, туку и доближување до културата и традицијата на земјата, чиј што јазик учениците го изучуваат.
Така нивниот спектар на спознание се проширува и им се отвораат нови погледи кон светот.
Со самото изучување на германскиот јазик, нашите ученици стануваат дел од големото семејство луѓе во светот кои германскиот јазик го зборуваат како втор странски јазик 🖤❤️💛






