Нашите ученици од VIII – 5 одд. дел од проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“?‍♀️?‍♂️??❤️???

0
За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“ имплементиран од невладината организација „Нова Порта“ во рамки на Годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид, изминативе два месеци беа реализирани бројни активности за подигнување на еколошката свест.

Како дел од активностите на проектот на повеќе локации на брегот на Охридското Eзеро учениците од охридските училишта, меѓу кои нашите ученици од VIII – 5 одд. на иницијатива на одделенскиот раководител Билјана Трајкоска, собираа отпад, пластика и амбалажи од најразлични материјали кои несовесните граѓани ги одлагале по плажите и околината на езерото.

Најмалите преку вакви акции осознаваат за значењето на здравата животна средина. Во таа насока се организираа и едукативни еко-работилници како и еко-акција заедно со нуркачите за расчистување на дното на езерото во кои учествуваа нашите ученици од VIII – 5 одд.

Целта на проектот „Сакај го Охридското Езеро- единствено е во светот“ е подигнување на еко свеста кај младите, всадување љубов кон природата, поттикнување на активизам со организирање на еко-акции и еко-работилници, запознавање  на младите со ендемичниот свет, кој милиони години живее во Охридското Езеро.

Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Езеро-единствено е во светот“ изработен е и видео спот во кој се учесници нашите ученици од VIII – 5 одд. преку него се испраќаат силни и јасни пораки за подигнување на еколошката свест, а како главна активност е мапирање на исчистените плажи со еко-знамиња со кои се обележуваат еколошко-чистите плажи. Браво за нашите ученици и нивниот одделенски раководител Билјана Трајкоска за прекрасната порака која ни ја испраќаат!?‍♀️?‍♂️??❤️???

Во прилог може да ги проследите сликите и видео спотот за проектот „Сакај го Охридското Езеро-единствено е во светот“ ❤️